Десет повредени во сообраќајна несреќа кај Долно Палчиште
Во несреќата учествувале две возила со тетовски регистарски таблички, Форд транзит што го управувал З.М.(49) од Боговиње и Мицубиши Пајеро што го управувал Н.А.(36).
Во сообраќајката возачот на Пајерото Н.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница како итен случај бил префрлен на скопските клиники.
Возачот на Фордот З.М. и уште осум патници што се превезувале во комбето се здобиле со полесни повреди.
Увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на поединостите, причините и материјалната штета во оваа сообраќајна несреќа.