Димитров - Голема е одговорноста Уставниот суд да го земе клучот од рацете на граѓаните
Уставниот суд утре треба да одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. До Уставниот суд поднесени се иницијативи од политичката партија „Левица“ и од Светскиот македонски конгрес.