Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Баздникин - Од одлуките во наредните недели ќе зависи иднината на Македонија

Република Македонија доживува клучен момент во својата историја, а од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на државата, порача денеска новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин на предавањето на акредитивните писма на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.


„Од голема важност е тие да бидат донесени строго во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава. Да претставуваат недвосмислен одраз на волјата на граѓаните на Република Македонија, а не да бидат наметнати однадвор. Да го обединуваат, а не разединуваат општеството. Да почиваат на фундаменталните принципи на меѓународното право зацртани во Повелбата на ОН, а не на политичката конјунктура“, нагласи амбасадорот Баздникин.


Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на предавањето на акредитивните писма од страна на Баздникин, претседателот Иванов истакна дека македонско - руските односи, кои имаат долга и богата традиција на искрено пријателство и меѓусебно разбирање, и натаму успешно ќе се развиваат и интензивираат во сите сфери од заемен интерес.


„Национален интерес на Република Македонија се евроатлантските интеграции, но едновремено придаваме големо значење на севкупното продлабочување на односите со Руската Федерација, со посебен акцент на економската соработка. Оттука, очекуваме натамошно интензивирање на соработката, особено во делот на енергетиката, земјоделството, градежништвото и туризмот, како и инвестициските активности“, рече претседателот Иванов.


Претседателот денеска ги прими и акредитивните писма од страна на Рут Карис Стјуарт, новоименуван амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград, при што нагласи дека дведецениските дипломатски односи и пријателство со Австралија се од големо значење за нас и го потенцираше интересот за динамизирање на политички дијалог, за интензивирање на економската соработка и унапредување на трговската размена.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus