Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Папас - Сакаме да го убедиме Каменос за корисноста на Договорот од Преспа

Претендираме да ги убедиме и Панос Каменос и неговите пратеници за корисноста на Договорот од Преспа и верувам дека ќе го постигнеме тоа, а грчкиот Парламент ќе го ратификува овој договор, вели министерот за дигитална политика на Грција, Никос Папас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“.


Коментирајќи ги ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, Папас вели дека во изминатите години „соработката со Каменос се покажала пофункционална од тоа што многумина мислеле“ и изразува увереност дека Договорот од Преспа ќе добие мнозинство во грчкиот Парламент.


„Прво, сметам дека во овој момент постои мнозинство во грчкиот Парламент за Договорот и второ дека можат да се создадат предуслови и Панос Каменос да се убеди и непрекинато да продолжи текот (на владата) кон закрепнување на земјата. Овие предуслови се политичка и владина стабилност до крајот на нашиот предвиден мандат, нешто што мислам дека ќе се постигне и мислам дека можеме и Панос Каменос да го убедиме. Како што ќе течат работите, затоа што имаме еден референдум пред нас, нашите соседи ќе покажат дали навистина го мислат она што е напишано во Договорот од Преспа“, рече Папас и објасни дека со прифаќањето на Договорот од Преспа на референдумот ќе „се даде можност и во Грција да се намали степенот на недоверба“.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Папас, рече дека „не може да замисли партијата Река да влезе во предизборни пазарења со Нова демократија и да ја промени позицијата во однос на македонското прашање“.


„Мислам дека Река и Ставрос Теодоракис ќе останат на позицијата дека овој Договор треба да се ратификува“, рече грчкиот министер за дигитална политика во интервјуто за грчкото радио, пренесува МИА.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus