Најмалку 20 загинати во судир меѓу автобус и цистерна во Иран
Несреќата се случи доцна вечерта на 17 септември на автопатот меѓу градовите Кашан и Натанц, околу 200 километри јужно од главниот град Техеран.
„Цистерната се повлече настрана, удирајќи го автобусот предизвика експлозија и оган“, изјави командантот на сообраќајната полиција, генерал Мохамад – Хосеин Хамиди.
Автобусот носел патници од Техеран во градот Керман, на југоистокот на земјата.