Брнабиќ на парадата на гордоста во Белград
Тие ќе маршираат од плоштадот Славија до плоштадот на студентите под силно полициско обезбедување со што завршува белградската недела на гордоста. Пред парадата околу триесетина луѓе се собраа во знак на протест против настанот и беа блокирани од полицијата. Демонстраторите носеле крстови и пееле религиозни песни.