Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Заев: Да не се пропушти историската шанса на референдумот

Премиерот Зоран Заев на денешниот граѓански собир „ Излези ЗА европска Македонија“ пред делегацијата на ЕУ во Скопје порача дека не смее да се пропушти историската шанса која ја нуди претстојниот референдум. 


„Толку малку фали да ја постигнеме историската шанса за нас и за нашите деца и за Македонија. Ве повикувам сите на 30 септември да ја зграпчиме шансата и да бидеме горди граѓани на европска Македонија. Што и да правите на тој ден на 30 септември тоа сериозно ќе влијае на иднината на вашите деца, на иднината на вашата Македонија. Дилеми не смеете да имате. Излезете да ја завериме нашата независност. Излезете бидејќи зависи само од вас, од никој друг. 30 септември е ден за избор, за акција, не е ден за седење дома. 30 септември е ден за гордост, за среќа, за испишување на историја. 30 септември е за европска Македонија. Излези за европска Македонија“, рече Заев пред насобраната толпа. 


Патриотизам, порача тој, е да ја зачуваме иднината на нашата татковина, а НАТО и ЕУ се единствениот пат и нема алтернатива. 


„Грција го призна и прифати нашиот македонски идентитет и јазик. Најдовме формула како да се признаеме на темелите на минатото да градиме иднина. Испишавме европска историја. Да бидете горди, оти имаме најдобар договор, што ги исполни вековните аспирации на нашите дедовци и прадедовци“, порача Заев.


Според Заев, влезот на Македонија во ЕУ и НАТО ќе донесе инвестиции, ќе го подобри животниот стандард, а младите нема да ја напуштаат земјата. 


Собирот започна пред седиштето на Црвениот крст во Скопје, а обраќање освен Заев, имаа и претседателот на Парламентот, Талат Џафери, новинарот Томислав Кежаровски и актерката Сања Арсовска. Учесниците носеа знамиња на Македонија и на ЕУ и транспаренти и беа предводени од функционери во власта.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus