Матис утре во посета на Македонија
За делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде организиран свечен пречек на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата. Матис претходно најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за името, но и загриженост поради можното мешање на Русија во процесот.