Лондонскиот градоначалник и Блер повикаа на нов референдум за Брегзит
Кан за Обсервер напиша дека владата е виновна бидејќи на начинот на кој што се справува со преговорите создава конфузија и несигурност околу Брегзит. Според него, животниот стандард, економијата и вработеноста се премногу важни за гласачите да немаат право да го кажат својот став за крајниот резултат.
Блер, кој е проевропски ориентиран исто така повика на втор референдум. Најдобриот одговор, според него, е да се прашаат луѓето дали после две ипол години треба да се продолжи со преговорите или земјата да остане во ЕУ.