Америка никогаш нема да се потчини на тероризмот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по повод 17 години од терористичките напади на Ал Каеда на 11 септември. Претседателот Трамп ја упати пораката од полињата близу Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна киднапираниот авион од Калифорнија во 2001 година.
Пред точно 17 години, 19 киднапери во самоубиствена акција киднапираа четири авиони. Два киднапирани авиони удрија во двете кули на Светскиот трговски центар на Менхетн, третиот во Пентагон, а четвртиот, по неуспешниот обид на патниците да ги совладаат киднаперите, се урна во руралниот дел на Пенсилванија. На тоа место во Шенксвил, во саботата беше откриен споменик во знак сеќавање на жртвите.
САД денеска, во голем број градови и со бројни комеморијални церемении ја одбележаа годишнината од најголемиот терористички напад во нивната историја.