Исламската држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во седиштето на либиската Национална нафтена корпорација (НОК) во центарот на Триполи, објави новинската агенција Ројтерс.
Во нападот според последните извештаи загинале две лица, а десет биле повредени. Според извештаите на Ројтерс, на денот на нападот неколку маскирани лица влегле во просториите на компанијата по што отвориле оган. Во престрелката биле застрелани петмина, а вработен во хотел во близина на компанијата изјавил дека слушнал најмалку пет експлозии.