Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска информираше дека рударите ќе се пензионираат само со работен стаж - жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, за што веќе се изготвени и законски измени.
На денешната седница, како што нагласи министерката, била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенфициран стаж на рударите.
„Со досегашниот закон тие би заинувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години“, рече Царовска.