Неофицијалната средба на врвот на Европската унија на 20 септември, според премиерката Тереза Меј, е важна фаза од преговорите за Брегзит, која ќе им овозможи на лидерите од Унијата првпат да го разгледаат нејзиниот план за излегувањето на Велика Британија, изјави портпаролот на британската премиерка.
„Премиерката изјави дека следната среда ќе отпатува во Салцбург за да учествува во неофицијалната средба на врвот на ЕУ, која истовремено ќе биде важна фаза во преговорите за Брегзит и можност за размена н а мислења со другите членки на ЕУ за заедничките предизвици. На средбата лидерите првпат ќе разговараат за Белата книга на британската влада, која содржи голем број сериозни и доверливи предлози“, рече портпаролот на Меј.