Европското демохристијанско семејство на ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ да го убеди лидерството на партијата да ги повика членовите да гласаат на референдумот, изјавил во интервју за МИА, европратеникот од Европската народна партија (ЕПП), Едуард Кукан.
Тој вели оти верува дека одговорноста ќе преовладее кај неговите македонски сопартијци.
„Од лидерството на ЕПП се обидуваме да ја убедиме нашата сестринска партија дека е во интерес на земјата и дека треба да има одговорни политички сили во земјата, дека е прашање со долгорочни импликации, да донесат одлука што ќе го обврзе членството да учествува. Партијата не е обединета по ова прашање. Слушнав дека Антонио Милошоски, на пример, води кампања за бојкот, така што сето ова делумно е рефлексија на состојбата во која се наоѓа партијата. Лош тајминг за партијата е што вака важно прашање треба да се решава и мислам дека ќе бидат свесни за нивната одговорност“, вели Кукан во интервјуто и додава дека „ВМРО е во тежок развоен период по единаесет години власт.