Дела на деветмина чешки професори и студенти од реномираната школа за фотографија од Либерец, Чешка Република, се претставени на изложбата која од 30 август до 7 септември се одржува во Домот на културата „Илинден“ во рамките на манифестацијата „Демир Хисар град на културата, 2018“. Тие се гости на „Арт Поинт - Гумно“ во Слоештица, а твореа инспирирани од песната „Можев да ти бидам (Пофалба на Демир Хисар)“ на великанот Петре М. Андреевски.