Со учество на музичари и групи како бендот на џез пијанистот Васил Хаџиманов, Италијанците Кекко Форналери трио, македонскиот гитарист Владимир Четкар, Јордан Костов и ШАНГАЈ ИНТЕНС, искусните ДЕЦА ЛОШИХ МУЗИЧАРА, на Летната сцена во Домот на културата „Марко Цепенков“, од 30 август до 1 септември, ќе се одржи седмото издание на Прилеп џез викенд, кое остана „заборавено“ од Министерството за култура.