Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за кампањата за референдумот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за учеството во кампањата за референдумот. Од партијата во понеделникот најавија дека денеска треба да достават известување до претседателот на македонското Собрание Талат Џафери за евентуално учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, што ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година.


Од собраниските служби информираа дека такво известување партијата нема доставено, а од пратеничката група, пак, дека се координираат и оти потоа ќе го изнесат својот став околу ова прашање. 


Претседателот на партијата Кристијан Мицкоски, неодамна најави дека партијата нема да користи државни средства за кампања и оти тоа ќе го право со партиски средства. 


Во понеделникот од кабинетот на Џафери информираа дека пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник, до него испратиле допис со кој го информираат дека нивните пратеници активно ќе учествуваат во јавната кампања за референдумот и дека се изјаснуваат „ЗА“ референдумското прашање.


Пратеникот Антонијо Милошоски, како поединец пратеник испрати допис дека ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање. 


Собранието формираше Координативно тело за подготовка и спроведување на јавната кампања кое ќе го раководи претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus