Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Чавушоглу - Членството во ЕУ е приоритет на турската надворешна политика

Присоединувањето на Турција во Европска унија е една од најважните надворешнополитички задачи на Анкара, изјави денеска во Вилнус турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.


„Нема никакви сомнежи дека нашата земја и во иднина ќе остане членка на НАТО и ќе се стремиме кон членство во ЕУ. Сакаме Турција да го добие од ЕУ тоа што го заслужува. Турција очекува јасен сигнал од ЕУ за членство“, посочи Чавушоглу.


Кон крајот на јуни Анкара ја обвини ЕУ за неправеден однос поради изјавата на Советот на Унијата дека преговорите со Турција „практично се на мртва точка, а Анкара сè повеќе се оддалечува од ЕУ“.


Турскиот министер за надворешни работи во Вилнус денеска се сретна со претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте и со шефот на литванската дипломатија Линас Антанас Линкевичус.


Грибаускајте истакна дека ЕУ не може да и сврти грб на Турција и оти е неопходно да се бараат решенија за пружање помош на Анкара со цел да се стави крај на терористичките закани и да се намали мигрантскиот бран во Европа.


„Турција има потреба од Европа и Европа има потреба од Турција во сферата на трговијата, безбедноста, прашањата поврзани со миграцијата и во други области“, наведе Грибаускајте.


Претходно, Чавушоглу изјави дека односите на Турција со Русија не се алтернатива за односите на Републиката со Европска унија или со САД.


„Нашите односи со Русија не се алтернатива за односите со ЕУ или со САД. Надворешната политика на Турција е ориентирана на баланс (во односите)“, посочи Чавушоглу.


Тој додаде дека Турција сака да ги реши проблемите со САД по пат на дијалог.


Тој ја коментираше и посетата на претставници на американскиот Конгрес на Турција, при што тие апелираа Анкара да се откаже од купување на противракетните системи С-400 од Русија, за да добијат авиони ловци Ф-35 од САД. Чавушоглу повтори дека „купувањето на С-400 не предност на Турција туку принудна мерка“.


„Нас ни требаат системи за противвоздушна одбрана. Ние сакаме да ги купиме од нашите сојузници, вклучително и САД, но не можеме тоа да го направиме. Може ли Америка да даде гаранции за продажбата на системите „Патриот“? Дури и за Ф-35 постојано се менуваат условите. Купувањето системи за противвоздушна одбрана е крајно неопходно за нашата безбедност“, потенцира Чавушоглу. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus