Сенаторот Мекејн го прекина лекувањето од рак на мозокот
Во соопштението од семејството на сенаторот се вели дека Мекејн „ги надминал очекувањата за тоа колку долго ќе живее“. Проценките за болеста и за тоа колку долго може да живее со болеста беа направени лани во јули, кога почна и медицинскиот третман на сенаторот.
„Напредувањето на болеста и незапирливото стареење го сторија своето. Со својата вообичаена сила на волјата, тој одлучи да го прекине медицинскиот третман“, се вели во соопштението на семејството Мекејн.