Албанија прва по употреба на кокаин според бројот на населението
Во целиот свет се смета дека има 18 милиони корисници на кокаин. Купопродажбата на наркотичните средства денес е многу лесна, како никогаш порано благодарение на интернетот.
„Велика Британија, Шпанија, Австралија и САД се земји каде најмногу се консумира кокаин. Но, најголемиот процент го држи Албанија каде 2,5 отсто од населението ја користи оваа дрога, заземајќи го прво место. Тоа е поради фактот што таа е значаен пат за трговијата со кокаин од Авганистан“, наведува „Економист“ .