Трамп ги критикува социјалните медиуми за „замолчување милиони луѓе“
Трамп не спомна по име ниту една компанија, но вчера Фејсбук, Твитер и Гугл отстранија стотици профили поврзани со наводна операција на иранска пропаганда, додека Фејсбук симна кампања за која наведе дека е поврзана со Русија.
„Гигантите во социјалните медиуми замолчуваат милиони луѓе. Не може тоа да се стори дури и ако значи дека мора да продолжиме да слушаме лажни вести како Си-Ен-Ен, чии рејтинзи паднаа сериозно. Луѓето треба да препознаат што е вистинито, а што не е, без цензура“, рече Трамп.