Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ со воведни зборови на одбраната
Рускоска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“, додека одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа.
Судењето продолжи вчера со воведни говори на адвокатите на поголем дел од обвинетите, а ново судско рочиште е закажано за в понеделник.
Вкупно се обвинети 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и две за помагање. Судијката Кацарска закажа вкупно 37 термини за главна расправа.