Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Владата го осуди говорот на омраза на лидерот на „Единствена Македонија“

Владата денеска го осуди, како што се наведува, „говорот на омраза  и омаловажувањето на етничка основа во изјавите на „претставниците на политичките структури кои имаат задача да ја бојкотираат иднината на Македонија“, реагирајќи на вчерашната изјава на Јанко Бачев, лидерот на проруската партија „Единствена Македонија“.


„Македонија е демократска земја во која изминативе децении не се случило политичар јавно и преку медиуми да користи изрази кои омаловажуваат граѓани со погрдни зборови на етничка основа. Ваквото ширење омраза е штетно за демократијата, штетно за државата и за граѓаните, истото треба да биде осудено и изолирано од сите чинители во општеството. Очекуваме дека надлежните институции ќе преземат соодветни чекори со цел ваков речник да не се повтори“, изјави за Радио Слободна Европа, владиниот портпарол Миле Бошњаковски.


Тој додаде дека Владата ги повикува политичките субјекти во земјава, вклучувајќи ја и опозицијата, да се изјаснат и да го осудат овој „недемократски чин полн со омраза“.


„Ваквите појави покажуваат за каква Македонија се залагаат структурите кои имаат задача да ја бојкотираат иднината“, вели Бошњаковски.


Бачев, лидерот на „Единствена Македонија“, партија пандан на путиновата „Единствена Русија“, вчера, на протест пред Владата, албанските партии во Македонија ги нарече „шиптарски“.


„Амбасадорот Бејли и шиптарските партии веќе најавуваат војна во Македонија“, рече Бачев, на протестот пред Владата, на кој неговата партија „побара пари и од даночните обврзници Албанци за кампања против референдумот закажан за 30 септември“.


Претходно и Страшко Олумчев, еден од лидерите на т.н. Кризен штаб кој треба да ја предводи кампањата за бојкотирање на референдумот за Договорот со Грција, употреби слична реторика на потпишувањето на Меморандумот против референдумот, кога се повика на лажна вест објавена од еден македонски портал.


„Зоран Заев, кој сам даде изјава дека е православен шиптар и дека нема македонско потекло, не ништи постепено“, рече Олумчев на потпишување на Меморандум против референдумот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus