Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, донесен на распит во суд во придружба на финансиската полиција на новинарите им упати погрдни зборови.Јакимовски и службеници на општината се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.