Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Марјан Шарец предложен за нов словенечки премиер

Пет словенечки партии денеска постигнаа договор за формирање коалициска влада на левиот центар и го предложија Марјан Шарец за нов премиер на Словенија.


Шарец се најде во позиција да стане словенечки премиер, откако конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, која победи на парламентарните избори на 3 јуни, не успеа да најде коалициски партнери за обезбедување мнозинство во Парламентот.


Петте партии што ќе ја формираат идната владата - Листата на Марјан Шарец (ЛМШ), Социјалните демократи (СД), Партијата на модерниот центар (СМЦ) на актуелниот премиер Миро Церар, Партијата на Аленка Братушек (САБ) и Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС), заедно имаат 43 места во Државниот збор или три помалку од неопходните 46 за парламентарно мнозинство. 


Неопходните гласови за избор на малцинската влада на Шарец, петте партии сепак ќе ги обезбедат со поддршка на деветтемина пратеници на партијата Левица, која одби да влезе во владината коалиција, но се согласи да го поддржи новиот кабинет, откако беа прифатени нејзините барања за јавно достапен здравствен систем, за зголемување на коефициентот за пресметување на пензии, за утврдување на минимална пензија од 620 евра и за зголемување на висината на минималната плата.


Се очекува словенечкиот Парламент да гласа за изборот на Шарец за премиер на 17 август. Доколку биде избран за премиер, Шарец ќе има рок од 15 дена да ја формира својата влада.


Шарец е поранешен актер и актуелен градоначалник на Камник. Тој беше кандидат за претседател на Словенија на изборите во октомври минатата година, при што успеа да се пласира во вториот круг, каде беше поразен од актуелниот словенечки претседател Борут Пахор.


Една од првите задачи на новата словенечка влада ќе биде приватизацијата на најголемата банка во Словенија, Нова љубљанска банка (НЛБ), чиј сопственик е државата. Словенија се обврза да продаде 75 проценти од акциите на НЛБ, во замена за одобрение од Европската комисија за доделување државна помош на банката во 2013 година.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus