Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Коцијанчич - ЕУ е за реалистично решение за Косово согласно меѓународното право

Трајно решение за Косово ќе значи одржливо реалистично решение според меѓународното право, а двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.


„Дијалогот со посредство на ЕУ има за цел да промовира долготрајна соработка помеѓу страните, да им помогне да постигнат напредок на патот кон Европа и да ги подобрат животите на луѓето. Трајно решение значи одржливо реалистично решение според меѓународното право. Двете страни ја дефинираат заедничката основа за взаемна согласност“, изјави Коцијанчич во одговорот до МИА на прашањето околу ставот на Могерини за можна поделба на Косово, 


Коцијанчич потсети дека за време на последната рунда преговори во рамки на дијалогот Белград-Приштина, претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, имаа „интензивна и продуктивна дискусија“ во рамките на договорот за нормализација на односите.


Дипломатски извори во Европската комисија за МИА велат дека на последната средба помеѓу Вучиќ и Тачи не станало збор за поделба на Косово, но дека на двете страни останува дали ќе сакаат да го отворат прашањето на следниот состанок, кој се очекува да се одржи во текот на септември.


Последните денови косовската и српската страна на највисоко ниво упатија повеќе пораки во јавноста за „корекција на границите“ и „размена на територии“, додека пак американскиот амбасадор во Србија првпат одби да отфрли секаква поделба на Косово.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus