Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Попис во Албанија во 2020, за првпат графа националност и верска припадност

 Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и земјоделските стопанства, девет години по последниот попис. За првпат во пописниот формулар ќе постои графа на која граѓаните ќе може да ја искажат по своја волја, етничката и верска припадност.


Директорката на Институтот, Делина Ибрахимај, вели дека формуларот ќе биде поделен на два столба и тоа со задолжителни и незадолжителни прашања.


Прашањата за верската и за етничката припадност, не се задолжителни.


Со цел да се надминат проблемите со личните податоци, Институтот во подготовката на формуларот соработувал со Комесарот за заштита од дискриминација и ги почитувал стандардите на европските земји, Обединетите нации и Канцеларијата за статистика при ЕУ, Евростат.


Според пописот спроведен во октомври 2011година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.


Пописот го бојкотираа припадниците на малцинствата, но попишувачите ги попишуваа врз основа на податоците од матичните служби на населеното место. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus