Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Судот во Белград го одби барањето за рехабилитација на Милан Недиќ

Вишиот суд во Белград денеска го одби барањето за рехабилитација на претседателот на Владата на окупирана Србија за време на Втората светска војна, генерал Милан Недиќ, кој по ослободувањето е прогласен за воен злосторник. Судот констатира дека „не се стекнати правни услови за рехабилитација“ на Недиќ. 


Генерал Недиќ никогаш формално не бил обвинет или осуден, туку со уредба на југословенските сојузни власти од 1949 година е прогласен за воен злосторник и одземени му се имотот и граѓанските права поради сорабока со окупаторот.  Иницијативата за рехабилитација на Недиќ ја покренаа неговото семејство, Српската либерална партија и Здружението на политички затвореници и жртви на комунистичкиот режим.


Недиќ бил на чело на т.н. Влада на националнао единство од август 1941 до октомври 1944 година, која имала надлежност над територијата на Србија под германска окупација.


Иницијаторите на рехабилитацијата тврдат дека тој не бил одговорен за злосторствата врз Евреите, за формирањето на логорите и за масовните стрелања, како и дека „спасил 350.000 Срби од Независната Држава Хрватска, 50.000 Словенци, како и голем број Срби, кои бегале од Италијанците, Албанците од Косово, Бугарите и Унгарците“. 


Владата на Недиќ била распуштена на 4 октомври 1944 година, по што тој и повеќето негови министри заминале за Австрија, каде подоцна бил заробен од британски војници. На 1 јануари 1946 година Британците им го предале Недиќ на југословенските власти. Според официјалната верзија за неговата смрт, тој се самоубил скокајќи од прозорец на затворот на Одделението за заштита на народот (ОЗНА) во Белград. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus