Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Заев: Не е точно дека по Договорот со Грција „сега е готово, ние немаме име“

Без решавање на спорот за името со Грција и имплементација на Договорот од Преспа, Македонија не може да очекува да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница.


Не е точно, нагласи Заев, дека по Договорот со Грција „сега е готово, ние немаме име“.


“Имаме договор за признавање на македонскиот јазик, на македонскиот етнички идентитет. Повеќе никој во светот, никој од нашите соседи не го спори нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. Ова е надмината ситуација и вредна историска работа. Доколку референдумот биде успешен и граѓаните го поддржат договорот, следуваат уставни измени”, истакна премиерот, одговарајќи на прашањето од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков.


Ако на Интернет се напише Republic of North Macedonia и Republic North of Macedonia не е исто, потенцира и ги повика оние што го прават тоа да не шират такви тези и да велат дека сега ќе се викаме „Република северно од Македонија“. 


“Сите земји кои користат придавка пред своето име, ја користат на ваков начин, Северна Каролина, Северна Ирска, тоа е класична меѓународна класификација, доколку граѓаните го поддржат ова ќе се викаме Република Северна Македонија”, посочи премиерот. 


Нагласи дека ќе бидеме Македонци и ќе зборуваме македонски јазик, единствен во светот.


“Точно е дека од 1977 година е впишан во графите на ОН, но не беше признат од соседите, не се употребуваше”, рече Заев и додаде дека со Договорот добивме потврда за македонскиот јазик и за македонското државјанство. 


Во однос на имотите нагласи дека во текот на преговорите не се разговарало, нагласувајќи дека ниту тој, ниту Ципрас, ниту кој било премиер претходно немаат право да разговараат за имоти на територија на друга држава. Тоа се регулира, рече, со меѓународното право, меѓународните договори, чии потписници се и Грција и Македонија.


“Македонија никогаш не можела таа работа да ја заврши во туѓа земја. Тоа можат да го направат граѓани со докази по пат на суд, да си ги бараат своите права. Лага е дека за тоа се разговарало. Ние немаме никакви аспирации, ниту некој има аспирации кон нашата територија. Од тој аспект ништо не е разговарано”, нагласи Заев.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus