Тимоние: Македонија ја има поддршката од Франција
Владината прес- служба соопшти дека на средбата премиерот Заев истакнал дека добиената покана за почеток на пристапни преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, за Македонија и за граѓаните се почеток на реализација на стратешките цели.
Заев изразил уверување дека граѓаните на претстојниот референдум ќе донесат одлука за нивната иднина.
Разговарано е и за повеќе актуелни политички прашања и констатирано е дека функционирањето на правната држава е од голема важност за граѓаните и за државата