САД обвини 12 руски разузнавачки службеници за хакирање на изборите
"Обвинението за 12 те руски воени офицери е поради мешање во претседателските избори во 2016 година", рече Розенштајн. Кремљ редовно ги негираше ваквите наводите за мешање во изборната кампања на САД. Трамп изразуваше сомнежи во американските разузнавачки заклучоци дека Москва се ангажирала во обид да ги потисне гласачите на САД. Розенштајн рече дека Трамп бил информиран за обвиненијата пред да замине на своето патување во Европа.