Владата сака да се прошири со посебно Министерство за дијаспора
„Дијаспората бара да има посебно министерство задолжено за нив. И во Националната стратегија која ја работиме, една од целите етоа да се реализира“, вели Адеми во интервју за МИА.
Тој појаснува дека за да се реализира тоа потребно е да се смени Законот за Влада и дека е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.
„Верувам дека ако тргнеме со таква иницијатива, можеби во Парламентот би имале поддршка и од опозицијата“, вели Адеми.