Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Џафери се надева дека опозицијата нема да го кочи изборот на ДИК

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се надева дека опозицијата нема да го кочи изборот на членовите на Државната изборна комисија од која зависи и одржувањето на референдумот.


„Прв пат се случува Комисијата за избори и именувања да ја води опозицијата. По завршувањето на изборите во 2016, компромисно се договоривме и пруживме рака како мнозинство, да покажеме дека имаме верба во опозицијата. Со сето ветување од опозицијата дека нема да се искористи за опструкција таа Комисија, гледаме дека во пракса не е така“, рече Џафери во емисијата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ.


Вели дека на проблемот со изборот на ДИК посочил уште кога нејзините членови поднеле колективна оставка.


„По барањето на политичките партии за колективната оставка на членовите на ДИК, моја сугестија беше да се води сметка дека се воспоставува лоша пракса на колективно откажување од функциите под плаштот на справување со една или со друга појава, затоа што ќе дојдеме во ситуација да немаме функционална институција, а сите сме луѓе и не сме договорени кога и што може во иднина да се случи“, истакна Џафери.


Тој посочува дека сите процедури за референдумот зависат од изборот и работата на ДИК. Точно е, потенцира тој, дека Собранието е надлежно да донесе одлука за распишување на референдум, меѓутоа ДИК е таа што треба да го спроведе.


Џафери потенцира дека откако ќе добие таа информација од политичките партии зад кои кандидати стојат, тој тие материјали ги доставува до Комисијата за избори и именувања за таа на седница изнесе предлог листа за членови на ДИК – кој ќе биде претседател, потпретседател, член. Таа предлог листа, вели тој, потоа треба да ја стави на посебна седница на Собрание.


Во врска со законите за употреба на јазиците и за ратификација на Договорот со Грција, Џафери повторно најави дека најверојатно ќе ги испрати во Службен весник во пакет.


Џафери го повтори ставот дека Иванов не може да се меша во законодавната власт и да ја нарушува поделбата на власта во Македонија, а тоа да станува пракса.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus