Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Повредени полицајци и вознемирени граѓани во синоќешната полициска рација

МВР потврди дека во координација со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат синоќа спровеле акциски контроли во седум угостителски објекти на подрачјето на град Скопје. Во акцијата биле легитимирани 21 лице, а приведени биле три лица, од кои кај еден бил пронајдено огнено оружје, кај другиот непозната прашкаста материја, а третиотодбил да ја почитува наредбата издадена од полициските службеници и се спротиставил на превземање на службени дејствија.


“ Регистрирано е и едно кривично дело „Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ при што се повредени двајца полициски службеници. Поточно, при преземање на мерки, односно приведување поради сомнение за претходно нарушен јавен ред и мир, лицата С.М(34) и Б.С (18), двајцата од Скопје физички ги нападнале униформираните полициски службеници, при што им нанеле телесни повреди. Лицата се лишени од слобода и против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 383 од КЗ на Република Македонија”, се вели во соопштението од МВР.


Претходно преку социјалните мрежи гости – очевидци, твреа дека полицајци со оружје биле видени насекаде низ локалите. Еден од приведените е сопственикот на една од најпопуларните скопски дискотеки „Сектор 909“, Огнен Узуновски-Оги, кој беше и активен учесник во протестите на Шарената револуција.


Со став за синоќешната рација на полицијата се огласи и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска на својот фејсбук профил напиша:


„Постојат правила и стандарди за примена на мерки за присилба! Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе! Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus