Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Франција и натаму со резерви за почеток на преговорите со Македонија во јуни

Продолжуваат расправите помеѓу земјите членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, каде Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција.


Иако засега во нацрт-заклучоците останува стартот на преговори со Македонија, битката не е извојувана, информираат дипломатски извори во Брисел за МИА.


Во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите.


Париз прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни. Овој став им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името.


Меѓу најгласните во одбрана на старт на преговори е Бугарија, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, и која исто така оценува дека преговори со Македонија во јуни ќе донесе ѝ „престиж“ за нејзиното претседателство.


Синоќа амбасадорите на земјите членки дебатирале до речиси 22 часот за ова прашање, но не успеале да постигнат компромис, велат извори во Советот за МИА.


Друга земја која турка за старт на преговори со Македонија е Австрија, која го презема кормилото на ЕУ од 1 јули.


Австрискиот амбасадор при ЕУ, Николас Маршик, денеска изјави дека „би биле многу среќни да отвориме преговори со Скопје и Тирана за време на нашето претседателство“, кое трае од 1 јули до 31 декември 2018.


Австриски дипломатски извори додаваат дека би сакале Европската комисија да настапи со преговарачка рамка за Македонија и се надеваат дека ќе се одреди временски рок за преговори со нашата земја.


Без одлука на амбасадорско ниво, останува сега да се види што ќе се случи во вторник во Луксембург, кога треба да се состанат министрите за надворешни работи на ЕУ и да дискутираат на оваа тема. Била спомената варијанта и преговори да се одредат во ноември годинава, велат изворите на МИА, што исто така не му е по вкус на бугарското претседателство, велат извори во Брисел.


Голем број земји членки сметаат дека би било разочарувачки Македонија да не биде наградена по сите препораки на Европската комисија и постигнатиот компромис со Грција околу спорот за името.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus