Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Собранието утре ќе расправа за Договорот за името

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог - законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, по скратена постапка. 


Предлог-законот Владата до Собранието го доставила со европско знаменце, така што по изгласувањето на потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на Договорот, матично тело во кое ќе се разгледува ќе биде Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби. 


Претседателот на Собранието Џафери за МИА вели дека очекува до петок договорот за решавање на спорот со името да биде ратификуван од страна на Парламентот и тој да биде пратен кај претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој во текот на денешниот ден имал средби со сите координатори на пратеничките групи во Собранието, вклучувајќи ја и опозицијата.


Се очекува утре Собранието да ја изгласа потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот со името, по што Комисијата за европски прашања би имала два дена, според Деловникот, да го разгледа и да се изјасни за него. Потоа Предлог- ратификацијата повторно оди на пленарна седница. 


За да се усвои Предлог-законот потребно е обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus