Европската канцеларија за прашања за азил денеска соопшти дека лани, и покрај притисокот на надворешните граници, во земјите од ЕУ биле поднесени 728.470 апликации за азил, што претставува пад за 44 отсто во однос на 2016 година.
Привремените податоци за 2018 до април покажуваат дека барањата за азил се стабилизирале на 50.000 апликации месечно.
Канцеларијата оценува дека притисокот врз надворешните граници на останува голем, но дека тој е намален особено на источната и централната медитеранска рута, додека е забележено зголемување без преседан на западната медитеранска рута.