Возачот, кој со комби ноќеска влета во голема група посетители на концерт во Холандија, при што едно лице загинало, а тројца биле повредени, ѝ се предал на полицијата, јавија западните новински агенции.
Полицијата соопшти дека возачот избегал од местото на настанот во градот Ландграф, по што почнала полициска потрага по него.
34-годишниот Холанѓанец, со комбито за испорака бегал од полицијата до Амстердам, каде им се предал на властите.
Обвинителката задолжена за случајот соопштила дека осомничениот е во притвор и се испитуваат причините за настанот.