Заев за средбата со Мицкоски - Да се обединиме околу идејата за референдум
Тој на опозицискиот лидер му рекол дека и тие како опозиција треба да овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум.
Во соопштението се посочува дека Заев на средбата упатил порака дека политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за референдум и заради националните приоритети на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ.