Мицкоски: Го земав договорот од Заев, немавме што повеќе да си кажеме
Средбата траеше само неколку минути, Мицкоски го земал договорот од Заев, и рече дека немале што повеќе да си кажат.
„Немаше нови моменти кои можевме со премиерот еден на друг да си ги кажеме. Побарав средба за да го добијам договорот, откако ќе го анализираме внатре партиски со сите партиски органи, ќе повикаме консултации со МПЦ, ИВЗ и МАНУ. Сакаме консултаци и со други општествени групи во Македонија, би сакале поширок дијапазон на мислења“, изави Мицкоски.