Во воздушни напади, за кои се претпоставува дека синоќа ги извеле руски сили во регионот на бунтовниците во Сирија, загинаа најмалку 44 лица, соопштија неколку групи за воен мониторинг.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека меѓу загинатите во областа на Зардана, во северозападна провинција Идлиб, има и пет деца.
„Воените авиони, кои се најверојатно руски, во текот на ноќта го погодија селото Зардана во северниот рурален Идлиб“, рече Рами Абдулахман, директор на Британскиот воен мониторинг.
Нападот е најкрвавиот во регионот оваа година.