Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) ја поздравува владината одлука данокот на додадена вредност при првата продажба на становите да остане пет отсто до 2023 година и најавува продолжување на постојните, како и нови инвестиции.
Според членките на Комората простор за градење има ,а цените на становите нема да се намалат, но не постои можност ниту за зголемување на краток рок.
„Од ова, освен градежните фирми, бенефит ќе имаат и купувачите на станови, како и дополнителните преку 20 гранки поврзани со градежништвото“, рече на денешната прес-конференција претседателот на Градежната комора на ССК, Ивица Јаќимовски.