Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Заев останува оптимист за решавање на спорот за името

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања поврзани со разговорот со неговиот грчки колега Алекис Ципрас, кој требаше да се случи до петокот, рече дека имало некои технички работи кои требало да се решат, но дека тој од самиот почеток е позитивен и оптимист и оти верува дека ќе најдат решение.


“Штом се отстранат овие технички пречки, веднаш ќе се случи и телефонскиот разговор и во најбрз можен рок ќе можеме да го објавиме сето тоа што е договорено, за да ги процесуираме понатаму во самите постапки.Конечна цел ни е да стигнеме навремено пред сесијата на Европскиот совет, заради тоа што тогаш ќе се одлучува за добивање на датум за отпочнување на преговори за Македонија. Следните денови сме максимално фокусирани и посветени. Се работи за договарање, за членови од договори, за детали, што е важно, затоа што сега е време тие да бидат прецизно договорени” рече Заев.


Тој ги потврди информациите дека ако дојде до договор тој би се потпишал во Преспа додавајќи дека тоа било желба уште од неговата средба со Ципрас во Давос. Заев повтори и дека сето тоа што го разговарале усно министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, сега треба да биде преточено, во како што рече, правен документ, а дека одредени детали треба да ги одлучат тој и Ципрас.


“Секако важно ни е како тоа ќе го објасниме на нашата македонска опозиција, за да има причина да ја повикаме да биде заедно со нас. Најважно е да им објасниме и на граѓаните на Република Македонија, но исто така, паралелно важно е, да им објасниме и на опозицијата во Грција како и на граѓаните на Република Грција”, рече Заев.


Тој одби да зборува за детали поврзани со тоа кое е конкретното име за кое се разговара како и за тоа дали и каде запнале разговорите.


Вчера, неименуван претставник на грчката Влада, како што пренесена грчката агенција АНА-МПА изјавил дека изгледало како да се оддалечува можноста за договор во следните денови за решавање на спорот со името. Според истиот претставник на грчката влада се оддлечува и можноста за телефонски разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.


“ПЈРМ очигледно сe уште не е подготвена да се одговори на она што беше договорено во Брисел меѓу двајцата министри за надворешни работи. Според тоа можноста за договор во текот на следните денови се чини дека се оддалечува”, рекол претставникот на грчката влада.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus