Ципрас за ставот на Иванов: Сложено име, ерга омнес и ревизија на Уставот
„Ставот на Грција е јасен. За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, го пренесува „Катимерини“ ставот на грчката Влада и премиерот Ципрас, по вчерашното соопштение од Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, дека „македонскиот претседател нема да прифати име за севкупна употреба“.