Претставници на ЕУ и САД на состанок пред одлуката на Трамп за таксите
Претставниците на ЕУ, Франција и Германија денеска се сретнаа во Париз со Рос и со американскиот трговски претставник Рoберт Лајтхајзер, а до петок се очекува конечна одлука за новите такси за увоз на челик и алуминиум со кој Трамп се закани. Американската администрација ги разгледува и можните ограничувања за возилата од странство, правдајќи се дека на тој начин води грижа за националната безбедност на САД.