Тројца убиени и 12 ранети во бомбашки напад во Авганистан
Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид, потврди дека тие се одговорни за нападот.
Според Калид Сафи, портпарол на провинцискиот гувернер, убиени се командирот на полициската станица, еден офицер и заменик-директорот на сообраќајната полиција за главниот град на провинцијата.
Дванаесет други лица, меѓу кои и четворица полицајци и осум цивили, се повредени во нападот, изјави шефот на провинциската полиција, Мохмад Абдали.