Русија ѝ продаде на Индија ракетни системи за шест милијарди долари
Руски медиуми јавуваат дека моментално се разгледува како да се заобиколат санкциите против државите кои соработуваат со Русија. Се очекува договорот официјално да се објави пред закажаната средба на рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди во октомври.
Системот за противвоздушна одбрана С-400 се смета за најнапреден од овој вид во Русија, со домет од 400 километри и 30 километри во висина.