Нападот во Лиеж се третира како тероризам
Обвинителот Венке Роген рекол дека напаѓачот извикувал "Алаху акбар", арапската фраза за Господ е голем, и тоа „неколку пати за време на стрелањето, пред да биде убиен од полицијата“.
Роген додаде дека „нападот се третира како тероризам со оглед на начинот на кој дејствувал Херман“, пренесе АП.
Напаѓачот, кој беше идентификуван како Бенџамин Херман, уби две полицајки и еден случаен минувач, пред да биде убиен во престрелка со полицијата.