Катругалос: За договор е потребна смела одлука од Заев
„Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на премиерот Заев за двете прашања за кои имаме дискутирано, за уставни измени во врска со името и прифаќање на ерга омнес решение, за да се реши проблемот“, рекол Катругалос.