Шпанските служби спасиле 400 мигранти
Шпанија е трета земја по прилив на мигранти во Европа, далеку зад Италија, но скоро колку Грција.
Десетици илјади африкански мигранти секоја година тргнува на опасно патување кон Шпанија и другите земји во јужна Европа, преминувајќи го Средоземното Море во бродови на криумчари. Многу од овие бродови не се соодветни за патување во отворени води и илјадници мигранти се дават.
Според Меѓународната организација за миграции, минатата години по морски пат во Шпанија стигнале над 22 илјади луѓе, скоро три пати повеќе отколку во 2016 година.